Чави Ернандез пред почетокот на сезоната порача дека Алекс Коладо ќе добие вистинска шанса во првата екипа на каталонскиот гигант.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Коладо ова лето се врати на позајмица од Гранада и Чави одлучи првобитно да му даде шанса во првата екипа и се очекуваше дека овој играч за врска ќе остане. 23-годишникот остави добар впечаток на припремите, но изгледа Чави го променил мислењето па ќе го испрати да собира искуство.




Одличниот играч добил неколку понуди, но на крајот се одлучил да ја прифати онаа од Елче. Барселона денес потврди дека Коладо го напуштил клубот и дека до крајот на сезоната ќе игра во Елче.




Исто така постои можност Коладо да не се врати во Барселона идното лето затоа што му истекува договорот и засега не добил понуда да го продолжи.
BREAKING NEWS ❗ Álex Collado loaned to Elche until 30 June 2023
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 15, 2022