Дома Фудбал Повик кој не се одбива, Габриел Жезус да биде „тајното оружје“ на Барса!

Повик кој не се одбива, Габриел Жезус да биде „тајното оружје“ на Барса!

Барселона денес го официјализираше пристигнувањето на бразилскиот напаѓач Габриел Жезус од Арсенал, со обештетување од 10.000.000 евра плус бонуси.

Жезус потпиша тригодишен договор и по успешно поминатите лекарски прегледи е веќе регистриран за настап во Ла Лига и ќе биде во конкуренција за натпреварот против Валенсија во недела.

Пристигнувањето на 29-годишниот Бразилец беше изненадување, бидејќи Барселона првично не планираше да го донесе.

Жезус реши да го напушти Арсенал поради малата минутажа во конкуренција со Виктор Џекереш и Кај Хаверц, а Барселона процени дека трансферот по цена од 10.000.000 евра е добра прилика.

Бразилецот неодамна се опорави од сериозна повреда на лигаменти, но успешно ги помина лекарските прегледи во Барселона.

Жезус немаше впечатлива голгетерска статистика во последните сезони. Минатата сезона постигна пет голови на 20 натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Кога инстинктот повикува, ти се одзиваш. ☎️ pic.twitter.com/BgZktIcJ17— ФК Барселона (@FCBarcelona) 1 септември, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Пукна“ најголемата „бомба“ ова лето во Англија: Фернандез е играч на Манчестер Сити!

Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез се приклучи на редовите на Манчестер Сити. По…