Дома Фудбал Јамал испиша историја и урна рекорд на Мбапе! (Видео)

Јамал испиша историја и урна рекорд на Мбапе! (Видео)

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, го постави рекордот како најмлад играч од петте водечки европски лиги кој досега постигнал минимум 50 голови во својата клупска кариера.

Со 19 години и 49 дена, младиот репрезентативец на Шпанија стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона што го достигнал овој праг.

Против Рајо Ваљекано, Јамал најпрво го постигна вториот гол на Барселона со моќен шут во горниот агол, а потоа во 90-та минута со прецизен удар го постави конечниот резултат.

Овој млад напаѓач така стана најмладиот играч од клубовите на шпанската Ла Лига, англиската Премиер лига, француската Лига 1, италијанската Серија А и германската Бундеслига кој го достигнал бројот од 50 постигнати голови.

Претходниот рекорд го држеше Килијан Мбапе, кој 50-тиот гол го постигна со 19 години и 241 ден. Норвежанецот Ерлинг Халанд до истото достигнување дојде со 20 години и 196 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распродажба во Лондон: Челси продаде четири напаѓачи за пет дена

Челси направи вистинска чистка во напаѓачката линија во изминатите неколку дена. Лондонски…