
Фоларин Балогун е на прагот на големо враќање во Премиер лигата. Напаѓачот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, кој летово беше една од сензациите на Светското првенство, би требало да го напушти Монако и да го облече дресот на Евертон.
Двата клуба постигнаа договор за трансферот, а според информациите на Фабрицио Романо, Евертон ќе му плати на Монако 45 милиони евра фиксен износ, плус уште пет милиони преку бонуси и процент од евентуалната понатамошна продажба. Останува Балогун да ги договори личните услови со клубот од Гудисон Парк, што претставува последен голем чекор до реализација на зделката.
Балогун особено го привлече вниманието за време на овогодинешниот Мундијал. За репрезентацијата на САД постигна три гола и забележа асистенција, со што дополнително ја зголеми својата цена на пазарот.
🚨🔵 ИСКЛ: Евертон постигна договор меѓу клубовите со АС Монако за Фоларин Балогун.
€45 милиони фиксен износ, €5 милиони додатоци и клаузула за продажба исто така договорени со #EFC, Монако е подготвен да го продава.
Преговорите за личните услови се во тек вечерва; последен клучен чекор за завршување на зделката. pic.twitter.com/XWGJwfFPmf— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 31 август, 2026