Дома Трансфер зона Официјално: Арсенал има нов стопер

Официјално: Арсенал има нов стопер

Денес стигна потврдата дека Лукас Тореира пристигнува на прегледи по завршувањето на Мундијалот, а од друга страна пак Арсенал го официјализираше третото засилување.

После Стефан Лихштајнер и голманот Бернд Лено, официзијализиран беше третиот потпис.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сократис Папастопопулос е нов фудбалер на Арсенал.

Овој 29 годишен грчки дефанзивец на „Емирати“ пристигнува од Борусија Дортмунд за сума од 20 милиони евра.

Како што споменавме тој е трето засилување за Арсенал. Претходно пристигнаа Стефан Лихштајнер од Јувентус (слободен играч) и голманот Бернд Лено од Леверкузен (25 милиони евра).

Сократис кариерата ја започна во АЕК, во 2008 направи трансфер во Џенова, потоа две години помина во Милан, за во Германија да пристигне во 2011 во редовите на Вердер.

Една година подоцна беше продаден на Борусија Дортмунд за која што настапи на вкупно 198 натпревари.

Во Арсенал ќе го носи дресот со број 5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…