Стигна потврда од кругот на неговото семејство.
Таткото на фудбалерот на Сампдорија, Лукас Тореира, Рикардо изјави дека неговиот син по завршувањето на Мундијалот ќе ги помине медицинските прегледи во Лондон и ќе потпише договор со Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тореира во овој момент се наоѓа во Русија во кампот на репрезентацијата на Уругвај, репрезентација со кој во петок ќе игра четвртфинале против Франција.
„Се најдобро му посакувам на мојот син, знам дека Арсенал покажа голем интерес да го доведе. Ништо не е официјално, бидејќи не потпишал. По завршувањето на
Мундијалот ќе замине за Лондон каде што ќе ги помине медицинските прегледи“, откри Рикардо Тореира.