Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјални состави: Македонија со офанзивна формација!

Официјални состави: Македонија со офанзивна формација!

Македонија вечерва ги започнува квалификациите за ЕУРО 2020 против Летонија во Скопје, а веќе се познати и стартните постави.

Селекторот Ангеловски се одлучи за формација 4-4-2, а со оглед на карактеристиките на фудбалерите, мечот ќе ги започнеме офанзивно.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На голот ќе биде Столе Димитриевски, а пред него во одбраната Стефан Ристовски, Дарко Велковски Висар Муслиу и Езџан Алиоски.

Во средниот ред ќе бидат Енис Барди и Бобан Николов, Александар Трајковски и Ферхан Хасани ќе делуваат по крила, а во нападот Пандев и Несторовски.

Македонија: Димитриевски; Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски; Николов, Барди, Трајковски, Хасани; Пандев, Несторовски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…