Maсимилијано Алегри сезонава има проблеми со Јувентус затоа што „старата дама“ не игра очекуваното ниво.
„Старата дама“ повторно не е на шампионското ниво и лесно може да се случи оваа сезона Јувентус да остане без титулата шампион. Откако Интер минатата година ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А, раководството на клубот одлучи да го врати Масимилијано Алегри.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со Алегри Јувентус сезонава во овој момент е на петтата позиција на табелата. Интересно е дека во мај минатата година Алегри беше бил далеку од враќање во Јувентус. Тогаш имал договор со Реал Мадрид, меѓутоа кога се појавил Јувентус се откажал од договорот со „кралевите“.
„Алегри беше на чекор од Реал Мадрид. Во мај се беше завршено, постигна договор и требаше само да го потпише. Меѓутоа тој одлучи да се врати во Јувентус“, изјави агентот на Алегри, Џовани Бранчини.
Реал на крајот го доведе Карло Анчелоти и со него оваа сезона се одлични.