Дома Топ вести Откриено: Кутињо бил пред трансфер во Манчестер Сити, Гвардиола кажал НЕ

Откриено: Кутињо бил пред трансфер во Манчестер Сити, Гвардиола кажал НЕ

Филипе Кутињо ова лето ја напушти Барселона и во последните денови од преодниот рок се пресели во Баерн Минхен на едногодишна позајмица.

Ова лето многу се шпекулираше со неговата иднина и беше поврзуван со многу клубови, откако стана јасно дека сигурно ќе ја напушти Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Марка“ денес објави дека Барселона го понудила Кутињо на Манчестер Сити, но Гвардиола воопшто не бил заинтерсиран да го донесе Бразилецот во својот тим.

Каталонскиот клуб очајно се обидуваше да се ослободи од Кутињо и неговата висока плата, бидејќи Бразилецот воопшто не се снајде на „Камп Ноу“.

На крајот постигнаа договор со Баерн Минхен за едногодишна позајмица, со право на откуп следното лето за 120 милиони евра.

И други шпански медиуми денес потврдија дека Манчестер Сити бил прва опција, но Гвардиола ставил „вето“ на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…