„Депортес Куатро“ го објави „ценовникот“ за казни во Реал Мадрид, а најмалата казна изнесува 250 евра.
Во Реал Мадрид не се задоволни како работите се одвиваат оваа сезона, посебно не поради начинот на кој поединци го претставуваат овој гигант. Последниот пример е Тибо Куртоа кој не се појавил на тренингот откако бил заменет на полувремето во натпреварот со Клуб Бриж.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Куртоа нема да брани во натпреварот против Гранада, а неговиот нареден настап на „Бернабеу“ би требало да биде дури на 30-ти октомври против Леганес. Ова значи дека Белгиецот веројатно нема да биде во конкуренција за настап против Мајорка и Барселона во првенството, како и Галатасарај во Лигата на шампионите.
Според спортската програма „Депортес Куатро“ играчите на Реал мораат да дојдат на тренинг 45 минути пред почетокот и казната ако стигнат пет минути подоцна изнесува 250 евра. Сумата може да се зголеми на 500 евра ако задоцнувањето е 15 минути, а може да оди и до 1000 евра.
Ако играчот не се појави на тренинг мора да плати 3000 евра. Значи оваа казна ќе мора да ја плати Куртоа.
Играчите ќе бидат казнети и ако го користат мобилниот додека имаат работни обврски. Користењето на мобилен за време на тренирањето се казнува со 250 евра, а во зависност од тоа каде се користи мобилниот казната може да биде и 500 евра.
Доколку некои играчи ја преминат границата на дозволената тежина ќе мора да платат 250 евра, износот може да се зголеми ако брзо не ослабат или ако продоложат да се дебелеат.
Играчите мораат да добијат зелено светло од клубот ако сакаат да дадат некое интервју или да присуствуваат на јавни настани. Дозвола мораат да побараат и ако одат надвор од Мадрид. Ако не добијат, а го направат тоа ќе платат казна од 1000 евра.