Иако Буфон инсистира дека парите не се во прашање, сепак ќе добива повеќе отколку во Јувентус.
Во последните неколку години Буфон во Јувентус заработуваше 4.5 милиони по сезона. Своевремено добиваше шест, тоа беше и неговата најголема заработка во кариерата од фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во ПСЖ би можел да добива повеќе. Медиумите во Франција открија детали од неговиот договор.
Имено, Буфон во Париз ќе добива фиксни пет милиони, но на целата сума договорени се и одредени бонуси.
Бонусите се лесно остравливи, како бројот на настапи со што ќе добие пола милион авра, а со освоена домашна титула ќе отиде над шест милиони евра, точната бројка не е позната.
Уште ако го одвои единствениот трофеј кој му недостасува, Лигата на шампионите јасно е дека ќе заработи вистинско богатство.
Буфон потпиша договор на две години.