Иако беше блиску до трансфер во Рома, се чини дека напаѓачот на Наполи, Милик е на пат кон Лондон.
Полскиот репрезентативец не е во добри односи со Наполи и јасно е дека во клубот повеќе не сметаат на неговите услуги. Обидот за трансфер на Олимпико пропадна, што значи пропадна и трансферот на Џеко во Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рома ќе го задржи Џеко, Јуве на негово место го донесе Мората, а Милик ќе мора да бара нов клуб. Според последните информации, неговата следна дестинација ќе биде Тотенхем.
Договорот на Милик со Наполи е со важност до крајот на сезоната, па клубот со продажбата сака да заработи бидејќи на крајот може да го загуби бесплатно.