Дома Македонски спорт Откако Газиантеп се откажа од Суперлигата, Лука Станковски продолжува во Горица

Откако Газиантеп се откажа од Суперлигата, Лука Станковски продолжува во Горица

Откако Газиантеп се откажа од турската Суперлига поради страшниот земјотрес кој ја погоди оваа земја, македонскиот младински репрезентативец, Лука Станковски ќе ја промени средината.

Станковски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Горица од Словенија. Македонскиот фудбалер поради двата слободни денови имаше среќа за време на земјотресот да биде во Скопје (ТУКА).

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Градот по земјотресот е скоро целосно срушен, па затоа и на никој не му е до фудбал и откажувањето од првенството до некаде можеше да се чекува.

Во Горица Станковски ќе се обиде да помогне клубот да опстане во првата лига. Ќе потсетиме во Газиантеп пристигна минатат зима за сума од 600.000 евра.

Инаку Горица во минатото е четирикратен словенечки шампион, меѓутоа сезонава резултатите не се како што се очекуваше па тимот се бори за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Крај на трансферската сага со Антоан Гризман!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман беше на работ да се приклучи на MLS лигата, но тоа нем…