Дома Фудбал Англија Онана прими гол од половина терен и заврши во мрежата 🎥

Онана прими гол од половина терен и заврши во мрежата 🎥

Летово Манчестер Јунајтед потроши 55 милиони евра да го доведе Андре Онана кој ги собра симпатиите кога во претходниот натпревар против Борусија Дортмунд му се нафрли на Хари Мегваер по една негова грешка во одбраната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По тој натпревар даде изјава во која објасни дека таквата негова реакција се должи на тоа што секогаш бара од неговите соиграчи да бидат на високо ниво без разлика од каков карактер е натпреварот.

Сепак, не помина многу време одбраната на Јунајтед повторно да киксира, а овојпат и тој самиот испадна смешен бидејќи прими гол од половина терен.

Пред Флоријан Стотка од Ленс да го упати ударот погреши Далот кој лошо врати една топка, Онана се обиде да ја извлече ситуацијата, но заврши само во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Моуринјо ќе го преземе Реал Мадрид, тренерот ја информираше и Бенфика

Очекуваниот враќање на Жозе Моуринјо во Реал Мадрид помина два часа денес во базата на Бен…