Дома Фудбал ОИ – Французите и Аргентинците закажаа спектакл во четвртфиналето!

ОИ – Французите и Аргентинците закажаа спектакл во четвртфиналето!

Француската машка фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри (ОИ) во Париз по победата против Нов Зеланд (3:0) во Марсеј, а во петок во Бордо ќе се сретне со Аргентина за пласман во полуфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Победниците на првите два меча во групата, фудбалерите на тренерот Тиери Анри го потврдија добриот почеток на натпреварувањето со победата благодарение на головите на Жан-Филип Матета во 19. минута, Дезире Дуе во 71. минута и Арнауд Калимуендо во 74. минута.

Фудбалерите на Аргентина ја победија Украина со 2:0 во третото коло од групната фаза на олимпискиот турнир, додека Мароко беше подобар од Ирак со 3:0.

Во четвртфиналето оди Мароко од првото, а Аргентина од второто, додека Игрите завршија за Украина и Ирак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер договори засилување, ќе плати 50 милиони евра за репрезентативец на Италија!

Интер веќе ги усогласи личните услови со 21-годишниот фудбалер. Како ПАМЕТНО да типувате н…