Дома Фудбал Англија Озил останува во Арсенал, но што ќе се случи со Жиру и Санчез

Озил останува во Арсенал, но што ќе се случи со Жиру и Санчез

Играчот на Арсенал, Месјут Озил истакна дека сака да остане во клубот и дека за тоа ќе разговара со управата по враќањето од турнејата низ Австралија и Кина со тимот.

Договорот на Озил со Арсенал истекува следната година, но британските медиуми изминатите недели шпекулираа дека би можел да го напушти Лондон.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Сакам да останам. Кога сите ќе се вратат во Лондон, ќе разговараме за иднината. Секогаш зборував дека добро се чувствувам во Арсенал“, истакна Озил, пренесува Би-Би-Си.

Арсенал во четврток ќе игра против Сиднеј, а в сабота против Западен Сиднеј Вондерс, а потоа екипата заминува во Кина.

„Топчиите“ на 19. јули во Шангај ќе играат против Баерн Минхен, а три дена подоцна во Пекинг против Челси.

„Моментално најважна ни е турнејата, добро да тренираме и да се вратиме во добра физичка форма“, наведе 28-годишниот германски репрезентативец.

Озил во 2013. година од Реал Мадрид премина во Арсенал и досега одигра 158 натпревари и постигна 32 погодоци. Со лондонскиот клуб освои три ФА Купа и Комјунити Шилд.

Од Арсенал ова лети би можеле да заминат Оливије Жиру и Алексис Санчез. Жиру е пет години дел од клубот, а за него заинтересирани се Евертон и Вест Хем.

„Изминатата година минував низ некои потешкотии, но успеав да се вратам. Уште сум фудбалер на Арсенал, професионалец сум како и секогаш и ќе се обидам добро да се подготвам за претстојната сезона“, истакна Жиру.

За Чилеанецот пак, заинтересиран е Манчестер Сити.

„Неговото заминување би влијаело на целиот тим, бидејќи тој е играч кој секогаш добро си ја сработува работата“, истакна Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…