Дома Фудбал Останато Од ѕвездите до дното: Ова се ТОП 10 фудбалери кои имаа неброени милиони, па останаа на „нула“!

Од ѕвездите до дното: Ова се ТОП 10 фудбалери кои имаа неброени милиони, па останаа на „нула“!

Поранешниот напаѓач на Сандерленд, Асамоа Гјан пред неколку години беше еден од најплатените играчи во светот, а минатата недела ја шокираше јавноста кога објави дека се наоѓа пред банкрот.

Гјан во овој момент игра во Турција во дресот на Кајсериспор и во овој клуб пристигна уште во 2017 година, но одигра само девет натпревари за овој тим. Сепак многумина не можат да веруваат дека се наоѓа пред банкрот бидејќи во претходните сезони играше за Ал Аин, а потоа во Кина во дресот на Шангај ШИПГ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тогаш Гјан беше еден од најплатените играчи во светот и заработуваше 227.000 фунти, но изгледа дека луксузиниот начин на живот и трошењето пари на се и сешто скапо го плати бидејќи објави дека на банкарската сметка во овој момент има само 600 фунти.

Тој не е првиот фудбалер кој му се случило вакво нешто, а веројатно нема да биде ниту последниот. Во продолжение ви ги пртставуваме ТОП 10 фудбалери кои ја шокираа јавноста со објавувањето банкрот.

Роналдињо

Неодамна бразилската поливија објави дека Роналдињо има само пет фунти на сметката. Бразилецот е казнет поради нелегална изградба, но властите не можеле да ја наплатат казната бидејќи на неговата сметка славниот фудбалер имал само пет фунти.
Наводно, Роналдињо има огромно долгови кои изнесуваат скоро два милиони фунти. Некогаш беше еден од најдобрите играчи во светот и не е тајна дека заработи богатство.

Дејвид Џемјс

Поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс дури и заплака пред камерите кога објави банкрот. Неговото богаство изнесуваше 20 милиони фунти, но во 2014 година го потврди банкротот. Неговите долгови започнале во 2005 година кога се разведе и повеќе никогаш не се опорави во целост.

Диего Марадона

За Марадона како фудбалер не треба да се трошат многу зборови, но неговиот живот надвор од теренот е навистина филмски. Од ноќните излегување, до конзумирањето на опојни средства е патот по кој Марадона се уште оди. Тој во 2009 година прогласи банкрот иако некогаш имаше богатство вредно 70 милиони фунти.
Најголем проблем му направија Италијаните поради затајување на данок додека играше во оваа земја. Поради тоа Марадона мораше да плати неверојатни 42 милиони фунти за долгови од 80-тите.

Џон Арн Рисе

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Рома е на листата фудбалери кои прогласија банкрот. Тоа се случи откако ја освои Лигата на шампионите со „црвените“. Иако на „Енфилд“ неделно заработуваше 50.000 фунти. На крајот во Норвешка остана без три милиони фунти после што мораше да прогласи банкрот.

Ерик Џемба-Џемба

Овој фудбалер многумина го паметат по тоа што го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, а потоа доживеа пат и во финишот од кариерата играше и за Партизан. Камерунецот во овој момент игра во швајцарската петта лига и не се откажува бидејќи му е важен секој цент. Џемба-Џемба одеше да игра и во Индија за да ги врати долговите, сепак на крајот прогласи банкрот.

Бред Фридел

Легендарниот американски голман кој најголемиот дел од кариерата го помина во Премиер лигата. Беше еден од најстарите голмани во историјата на Премиер игата, но кога ја заврши кариерата работите не се одвиваа како што се очекуваше. Поранешниот голман на Тотенхем и Астон Вила прогласи банкрот бидејќи беше во долгови од пет милиони фунти. На крајот остана и без куќата која вредеше 260.000 фунти. Во овој момент работи како тренер во Њу Енглад Револушн во Америка.

Пол Гаскоњ

За животот на легендарниот англиски фудбалер помалку или повеќе се е познато. Своевремено беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, а одлични настапи прикажува и во репрезентација на Англија. Сепак, Гаскоњ скапо ја плати зависноста од алкохолпоради што пред некоја година прогласи банкрот. Газа и своето здравје го доведе на работ и се уште се лекува од депресија та и зависноста.

Селестин Бабајаро

Фудбалерот кој е најмногу познат по настапите во дресот на Челзи и Њукасл. Популарниот лев бек играше и за репрезентацијата на Нигерија каде што беше еден од најпопуларните спортисти. После големата кариера ги изненади сите кога во 2011 година прогласи банкрот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…