Дома Останати Кошарка Одличната Австралија не дозволи изненадување и стигна до своето прво полуфинале

Одличната Австралија не дозволи изненадување и стигна до своето прво полуфинале

Кошаркарите на Австралија се изборија за пласман во полуфинале на Светското првенство Кина откако во последното четвртфинале ја победија Чешка со 82:70.

Австралијците за првото финале во нивната историја ќе се борат со Шпанија, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Аргентина и Франција. Австралија претходно досега никогаш не стигнала подалеку од четвртфиналето, два пати беа пети. И Чесите покрај поразот можат да бидат задоволни бидејќи на својот премиерен настап на СП стигнаа до четвртфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До победата „Кенгурите“ ги предводеше Милс со 24 поени и шест асистенции, Голдинг додаде 14 поени, Адреј Богут постигна 10 поени додаде два скока, три асистенции и три блокади.

Кај Чесите најефикасни беа Патрик Ауда со 21 поен, Томаш Саторански кој запиша 13 поени 13 асистенции и девет скока, Павел Пумпрл додаде 10 поени.

Дефинитивно најголеми разочарувања досега на Мундијалот се Србија и САД кои место во борбата за медали или финале ќе играат во разигрувањето за некоја позиција од 5-то до 8-мо место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвр…