Каи Хаверц после преговори од неколку недели се пресели од Баер Леверкузен во Челзи.
Германски „Билд“ откри зошто преговорите траеле толку долго, но и како на крајот се било решено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Баер Леверкузен за Хаверц постави цена од 100 милиони евра и таа сума во Челзи не сакале да ја платат. Тие имале договор со играчот, но проблем правел Леверкузен.
Клучниот потег го направил Хаверц кој се откажал од неговиот процент за трансферот во корист на Леверкузен и тоа ги забрзало работите.
Точната сума од која Хаверц се откажал е осум милиони евра и тие припаднале на Леверкузен, па разликата во преговорите со Челзи била надмината. Секако, тие осум милиони не се некој проблем за Хаверц затоа што во Челзи за пет години ќе заработи 100 милиони евра.