Алистер Оверем неодамна доби тешка повреда во мечот против Јиржи Розенструик.
Холандскиот ММА борец остана без делот од устата неколку секунди пред крајот на мечот, по еден удар од страна на противникот и борбата беше прекината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Снимките на повредата предизвикаа лавина од реакции, а 12 дена по борбата Оверем ја покажа раната по операцијата. Меѓутоа, смета дека мечот е прерано прекинат.
„Тоа беше добра борба. Ги добивав рундите, но судијата пребрзо ја прекина борбата. Бев во нокдаун, но не бев во безсознание. Веднаш застанав на нозе”, истакна Оверем.
Легендарниот Оверем поради повредата сигурно нема да го гледаме во октагонот неколку месеци.
If getting KO’d in the last 10 seconds of the fight wasn’t bad enough, Overeem’s lip exploded pic.twitter.com/R536TuiYFU
— Barstool Sports (@BarstoolsTweets) December 8, 2019