Дома Фудбал Останато Ова се 29. учесници на Светското првенство, се чекаат уште три

Ова се 29. учесници на Светското првенство, се чекаат уште три

Квалификациите за Светското првенство се приближуваат кон самиот крај, а веќе се познати 29 репрезентации кои следното лето ќе ги видиме во Русија.

Последниот тим кој го обезбеди билетот за Русија е Шведска, која синоќа сензационално ја елиминираше Италија која ќе го пропушти првиот Мундијал по полни 60 години. Во изминатите неколку дена пласман обезбедија Хрватска, Швајцарија и Мароко.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На Светското првенство ќе играат домаќинот Русија, потоа Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија, Мексико, Костарика, Панама, Иран, Јужна Кореја, Јапонија, Саудиска Арабија, Нигерија, Египет, Сенегал, Тунис, Мароко, Белгија, Германија, Англија, Шпанија , Полска, Исланд, Србија, Португалија, Франција, Швајцарија, Хрватска и Шведска.

Останаа уште само три непознати места, но и последните учесници за многу кратко време ќе се дознаат, вечерва реванш во баражот го играат Ирска и Данска (0:0), утре наутро Австралија и Хондраус (0:0) и во текот на ноќта од среда на четврток Перу и Нов Зеланд (0:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …