Дома Фудбал Италија Ова се најплатените тренери во Серија А!

Ова се најплатените тренери во Серија А!

Во италијанската Серија А работат неколку големи тренерски имиња, но нивните услуги секако е потребно добро да се платат.

Антонио Конте ова лето го превзема Интер, а токму 50 годишниот Италијанец се наоѓа на врвот на листата најплатени тренери со годишна плата од дури 11 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Маурицио Сари кој оваа сезона се врати во Италија и го превзема Јувентус се наоѓа веднаш зад Конте со годишна плата од 5.5 милиони евра, што е двојно помалку од тренерот на „нероаѕурите“.

На третото место е стратегот на Наполи, Карло Анчелоти кој заработува нешто помалку од Сари и неговата плата е пет милиони евра.

На дното на оваа листа се наоѓаат двајца Хрвати. Иван Јуриќ кој ја води Верона добива 600.000 евра и тренерот на Несторовски во Удинезе, Игор Тудор има годишна плата од 500.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем го „краде“ менаџерот на Брентфорд?

Тотенхем неодамна го отпушти Ангелос Постекоглу, тренерот кој постигна ретко достигнување …