Екипите на Тиквеш и Шкендија кои ќе играат во квалификациите за Конференциската лига ги дознаа можните противници за натпреварите од првото коло.
Тиквеш кој го освои Купот на Македонија ќе биде во групата на неносители поради послабиот клупски коефициент и може да добие за противници екипи како: Жалгирис, Будуќност, Динамо Тбилиси, Сараево…
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Шкендија од друга страна е во групата на носители и ќе ја има фаворитската улога во првото коло.
Ждрепката е закажана за 18-ти или 19-ти јуни, а првите натпревари се играат на 11-ти јули, реваншите седум дена подоцна.
