Наполи направи полн погодок со доведувањето на Грузиецот Квича Кварташкелија, а со оглед на тоа како игра може да не остане долго во клубот од Неапол.
На првите 14 натпревари во Серија А блесна со седум голови и осум асистенции, па така го привлече вниманието на Манчестер Сити. Медиумите најавуваат дека Пеп Гвардиола наскоро ќе тргне во „лов“ на младиот Груеизец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се наведува дека Манчестер Сити го следел Кварташкелија и пред да дојде во Наполи, но англискиот клуб тогаш не бил сигурен како ќе се снајде на „големата сцена“. Работите сега се променети. Очигледно Кварташкелија со своите настапи го убедил Гвардиола дека има голем потенцијал.
Наполи од неговата продажба би можел и одлично да заработи. За да го доведат платија 11 милиони евра, а сега се најавува дека Сити ќе мора да плати 60 милиони евра.
Евентуално заминување на Кварташкелија би можело да биде и добра вест за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој добива многу помала минутажа од кога тој дојде во клубот.