Карло Анчелоти официјално го промени режимот на тренинг во Наполи, дознаа италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По три сезони работа со Маурицио Сари, Наполитанците се запознаа со нешто порелаксиран пристап. Првата промена е откажување на карантин пред натпреварот, па на фудбалерите им е дозволено да останат дома со семејството. Сепак, Анечлоти наводно бара од сите играчи да доручкуваат и ручаат заедно пред и по тренингот, со цел да се зајакнат врските за време на оброкот.
Оброците се уште еден сегмент кој доживеа промена, бидејќи спроед пишувањето на „Corriere dello Spot“, Анчелоти инситира неговите играчи повеќе да јадат суво овошје, авокадо и пред се чоколадо. По утрешниот тренинг, фудбалерите на Наполи имаат должност да одат во сауна. Потетуваме дека Наполи во моментов е втор на табелата во Серија А со девет победи, едно реми и два порази.