Репрезентацијата на Велс вчера го запиша вториот пораз во квалификациите за Европското првенство.
Велшаните загубија кај репрезентацијата на Унгарија. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мате Паткаи во 80-тата минута и со тоа обезбеди важни три бода за својата селекција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Велс од друга страна со новиот пораз ги сведе шансите за настап на ЕП на минимални, а работите вчера можеа да бидат поинкави.
Имено, во 60-тата минута при резултат 0:0 Герет Бејл се најде во одлична прилика да го доведе Велс во водство кога излезе сам пред голот на Унгарија, но неговата реакција беше катастрофална.
Аматерската реакција Бејл можете да ја видите на 3:20 од видеото под текстот.