Репрезентацијата на Македонија во одбојка Европското првенство во Словенија го заврши во групната фаза.
Поразите кои ги претрпевме во првите натпревари во кои собиравме искуство како дебитанти на едно Европско првенство беа причината поради што останавме без пласман во осминафиналето и покрај големиот триумф над силната Словенија. Нашите одбојкари вистинското лице го покажаа во последните две средби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И така имамве прилика да се пласираме во следната фаза, но резултатите не одеа во наша корист. Сепак место за големо тагување нема, самиот деби настап на едно ЕП е успех.
Одбојкарската федерација преку својот Фејсбук профил го порача токму тоа и најави дека веќе на наредното ЕП кое е за две години ќе зборуваме за осминафинале.
„Mоже да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното европско за две години.
Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале!“, стои во нивната објава на официјалниот Фејсбук профил.