Дома Фудбал Останато Објавено видеото кое го расплакува Роналдо!

Објавено видеото кое го расплакува Роналдо!

Кристиано Роналдо неодамна имаше интервју со новинарот Пиерс Морган и тоа интервју сигурно ќе се памети уште долго време.

Роналдо беше гостин во популарната ТВ Емисија на Морган. Во најавата беше емитуван дел во кој Роналдо се расплакува поради видео од неговиот татко кое му го пушта Морган.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Видеото прилично го погодува Роналдо кој кажува дека никогаш претходно не го видел ова видео.

„Никогаш не сум ја видел оваа снимка, неверојатно. Од каде ви е? Не знам од каде сте ја набавиле, но морам да ја имам за да ја покажам на семејството. Никогаш добро не сум го познавал мојот татко. Тој беше алко*оличар и никогаш не сме имале нормален разговор. Премногу ми е жал што не ги доживеа сите мои успеси и не ме виде како најдобар во светот“, изјави Роналдо.

Сега откако беше емитувана емисија на социјалните мрежи се појави и делот каде што се гледа за какво видео станува збор. Таткото на Роналдо уште тогаш бил горд на својот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спорт кој е во експанзија и ги помести сите граници: Од Кина пристигаат неверојатни кадри

Сè повеќе спортови ги рушат пречките и доживуваат голема експанзија, а меѓу нив е и бадмин…