Како што се очекуваше вирусот, Ковид-19 започна да креира поинаква слика во светот на фудбалот.
Вирусот ги запре скоро сите првенства во светот, бројни клубови останаа без милионските приходи, а некои од нив дојдоа на работ на банкрот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека кога фудбалот ќе продолжи некое време ќе биде без навивачи што значи дека кризата ќе продолжи. Бројни сопственици на клубовите, претседатели, тренери и останатите кои имаат врска со најважната споредна работа во светот најавија дека во фудбалот ништо нема да биде исто после коронавирусот.
Во прилог на тоа оди и информацијата од „Трансфермаркт“, познатиот портал кој е специјализиран за цените на играчите. Цените на сите играчи се намалени и јасно е дека работите тргнаа во некој друг правец.
Финансиската криза влијае, па затоа можеме да видиме некои чудни бројки до имињата на Роналдо, Меси и останатите.
Роналдо 12 години не бил поевтин.
Португалецот Роналдо кој пред четири месеци вредеше 75 милиони евра денес вреди 60. Значи него цената му падна за 15 милиони евра и можеме да кажеме дека неговиот случај е најинтересен од една причина. Роналдо веќе 12 години не вредел помалку. Последен пат кога на пазарот имаше вредност од 60 милиони евра играше за Манчестер Јунајтед и беше летото 2008 година.
Ако ги погледнеме останатите ѕвезди на европскиот фудбал Роналдо и добро помина со намалувањето од 15 милиони евра.
Нејмар пред коронавирусот имаше вредност од 160 милиони евра, а сега цената му е поинска за 32 милиони евра (128). Мбапе во декември минатата година вредеше 200 милиони евра, за денес да вреди 180. Значи, тоа е пад за 20 милиони евра. Лионел Меси забележа пад од 28 милиони евра и од 140 падна на 112.
Од поголемите имиња најголем пад имаше Еден Азар кој сега е на 80 милиони евра, додека во декември минатата година неговата цена изнесуваше 120 милиони евра. Тука секако не е „виновник“ само короната туку и честите повреди на Белгиецот.