Чешката интернет страница „Hooligans.cz“ која следи голем број навивачи ширум светот, објави нова снимка од инцидентите во Атина и тепачката помеѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК.
Во нередите кои се случија во понеделникот животот го загуби Михалис Кацурис, 29-годишен навивач на АЕК. На новата снимка може да се види како фановите на АЕК прво стојат, а потоа бегаат од навивачите на Динамо кои имаат помош и од групата на Панатинаикос.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), video from front of AEK stadium https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/cFjQt96uJw
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 11, 2023
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку, грчката полиција и понатаму ја води истрагата и го стеснува кругот на главните осомничени за убиството на навивачот.
Bо потесниот круг за убиството на навивачот се осомничени Тројца Грци, Албанец и еден Хрват. Грчкиот портал „Newsit“ пишува дека кај Хрватот и Албанецот во текот на апсењето се пронајдени ножеви на кои имало траги од крв.
Поради тоа тие веднаш биле одвоени од остатокот од групата. Од тројцата Грци двајца се 27-годишни. Сите имаат дебело полициско досие, а еден од нив претходно учествувал во грабеж со нож.