Дома Македонски спорт Одбележан денот на кој требаше да се одржи 12. меѓународен турнир “Џудо Прилеп Град Херој”-2020

Одбележан денот на кој требаше да се одржи 12. меѓународен турнир “Џудо Прилеп Град Херој”-2020

На ден 10.10.2020 година на паркот на Могилата на Непобедените во Прилеп, Џудо Клубот Сеишин Прилеп одржа јавен настан по повод симболично одбележување на денот кога требаше да се одржи 12. Меѓународен Традиционален Турнир во “Џудо Прилеп Град Херој”-2020.

На овој настан од страна на раководството на клубот беше потенцирано дека по традицијата од 11 години по ред на овој Меѓународен Турнир кој стана препознатлив не само на Балканот туку и пошироко, оваа година се одложува заради мерките кои се на сила во врска со светската Пандемија со вирусот Ковид 19. Меѓутоа токму денес на овој ден стигна и донацијата на 25 џудо кимона обезбедена од Холандското Здружениe Xplorid today и истата беше официјално предадена од страна на Г-дин .


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Harry Philipp Bosman од Холандија а овластен од страна на ова здружение. Во име на Xplorid, Harry Philipp Bosman истакна дека ова е значаен проект и веруваат дека ќе помогнат на клубот за постигнување на уште поголеми резултати. Се надеваат дека соработката ќе продолжи понатаму!!! Од името управата на ЏК Сеишин Прилеп се обратија Претседателот Дејан Ширкоски,тренерот Дејан Мицкоски и ветеранот Киро Здравески. Заеднички потенцираа дека ова е значајна помош за клубот со што упатија голема Благодарност до донаторите и ветија дека клубот ќе реди уште поголеми успеси.

Своевремено ја потсетија јавноста дека денес требаше во Прилеп да има сместено над 200 странски гости (кои изминатите недели и денови постојано се интересирале за одржувањето на овој настан)и над 150 наши македонски такмичари кои со нетрпение чекале повторно да се вратат на Татамите. За жал заклучија дека традицијата е само привремено прекината затоа што постои и поголема причина а тоа е Здравјето на луѓето.

Меѓутоа ветија дека по завршувањето на оваа состојба која е на глобално ниво сите заеднички со уште посилно темпо ќе се вратат најпрво во спортските сали на Татамите а потоа и на домашните и меѓународни натпревари.

На овој настан присуствуваа претставници од други џудо клубови, џудо федерацијата на Македонија како и родители, пријатели, соработници и поддржувачи на клубот. Џудо клубот Сеишин Прилеп во периодот што претстои ќе продолжи со тренинзи на отворено во согласност со актуелните протоколи и се надева на брзо враќање во спортските сали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкупи назначи асистент на Пирло за нов тренер

Македонскиот прволигаш Шкупи го назначи турскиот стратег Алпарслан Ердем за прв тренер на …