Натпреварот помеѓу Лацио и Торино е доведен под знак прашалник поради заразени во гостинскиот тим.
Како што е соопштено, во Торино денес ќе направат нови тестирања, но тешко дека ќе биде можно двете екипи да го играат утрешниот натпревар во Рим.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За викендот веќе беше одложен натпреварот кој Торино требаше да го игра против Сасуоло и тој е поместен за 17. март, па одложувањето и на овој натпревар би донело проблеми во распоредот.
Средбата Лацио – Торино е закажана за утре од 18:30 часот, а до крајот на денот ќе се знае конечната одлука.