Поранешниот светски тенисер број 1 Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот и, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, не е исклучена пауза од уште неколку недели.
Порталот „Sport.es“ повикувајќи се на свои извори наведува дека сопственикот на 22 грен слем титули би можел да помине уште шест недели надвор од терените, што значи дека покрај Мастерсот во Монте Карло, би ги пропуштил и турнирите од истата категорија во Мадрид, како и турнирот од серијата 500 во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно, 37-годишниот Надал би можел да се врати на турнејата на Мастерсот во Рим, кој започнува на 6 мај. Две недели подоцна започнува Ролан Гарос, турнир кој Рафа го има освоено дури 14 пати.
Шпанецот се обиде да се врати на теренот на американската турнеја, но не успеа. Надал неколку дена пред почетокот на Индијан Велс го откажа учеството со напомена дека сè уште не е подготвен за натпревари на тоа ниво. Големиот шампион потоа зборуваше за продолжување на кариерата и остана нејасен кога ќе го видиме на теренот.