Повеќе од 90 навивачи на Динамо Загреб се уапсени во Атина по нередите што ги предизвикаа ноќта меѓу понеделникот и вторникот.
Грчките медиуми пренесуваат дека истражителите се сигурни дека меѓу 98-те уапсени е и убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во нападот на навивачите на Динамо во кој беше избоден навивач на АЕК, пишуваат дека убиецот оставил трага од ДНК на настраданиот млад човек.
Судот во Солун неодамна им судеше на 12 навивачи на ПАОК за убиството на Алкис Кампанос, поддржувач на Арис. Седуммина се осудени на доживотен затвор за убиство од небрежност, додека пет се осудени на по 20 години затвор.
Ова е лоша вест за хрватските хулигани кои веќе во четврток би можеле да се појават на суд. Судејќи според практиката на грчките судови, тие би можеле да добијат мерка притвор од еден месец, додека не се утврди кои точно се убијците на Михалис Кацурис.