Дома Фудбал Англија Нови главоболки за Гвардиола!

Нови главоболки за Гвардиола!

guardiola

Бенџамин Менди на почетокот на сезоната докажа дека е многу важен играч за екипата на Манчестер Сити.

Блескаше во новата натпреварувачка година, додека Сити без него наиде на проблеми, поразени се на стартот од Лигата на Шампионите на домашен терен од Лион, лев бек игра Делф, а токму по неговата грешка Французите поведоа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јасно е дека Менди е многу важен за Гвардиола, но минатата сезона не го гледавме често во тимот, поради честите повреди. Кога сите во клубот се надеваа дека тоа е минато, францускиот репрезентативец доживеа нова повреда.

Тој не беше на теренот од репрезентативните паузи, Гвардиола прво рече дека има проблеми со коленото, а потоа на последната пресконференција за новинарите изјави дека има проблем со коските на стапалото. Сега е и потврдено дека Менди мака мачи со повредата на метатарзалните коски на стопалото, не е познато колку повредата е сериозна, како и колку време ќе биде надвор од теренот.

Во секој случај, ова се лоши вести, самата повреда е нездодна и најверојатно Менди нема да биде во составот на Сити овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…