Браилскиот фудбалер Нејмар во овие моменти се опоравува од повредата, а своето слободно време често го користи за давање интервјуа.
Нејмар летото 2017 година стана најскапиот играч на сите времиња кога за 222 милиони евра од Барселона премина во Пари Сен Жермен. Тогаш се пишуваше дека
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот сака да излезе од сенката на Лионел Меси и да стане најдобар фудбалер во светот, но доколку навистина тоа била неговата цел засега работите не му одат според планираното.
Тој помина четири добри сезони во Барселона со која освои се што можеше да се освои и играше во тандем со Меси и Луис Суарез. Неговата одлука да ја напушти Барселона во тоа време го изненади фудбалскиот свет, а судејќи според се до денес и Нејмар веројатно веќе е свесен дека направи грешка.
Колку му недостасува Барселона најдобро покажа во интервјуто во кое заплака после едно новинарско прашање. Имено, новинарот го интересираше дали е вистина дека Меси ги повикал да се врати во Барселона, а Нејмар започна да плаче кога зборуваше за пријателството со капитенот на Барселона.
„Кога најмногу ми требаше помош, најдобриот во светот ми посвети внимание и тука започна едно пријателство какво што сум немал претходно. Тешко ми е да зборувам за тоа, а уште потешко поради Лео кој за мене секогаш беше посебен пријател. Се сеќавам на пораката кога дојдов во Барселона како дете, ми напиша: Тука сум да ти помогнам, немој да се срамиш за било што“, изјави Нејмар.
На Нејмар му е тешко што одново поминува низ тешката повреда како минатата сезона и ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.
„Не можев да верувам дека ова повторно ми се случува. Кога ми кажаа ека повторно ќе бидат толку долг период надвор од терените се затворив во мојот дом и плачев“, откри бразилскиот фудбалер.
"No momento em que eu precisei de um suporte, o homem do time, o melhor do mundo chegou e me deu a mão". No próximo domingo tem entrevista com Neymar no Esporte Espetacular! pic.twitter.com/n2rs541o0y
— globoesportecom (@globoesportecom) February 24, 2019