Eкс-сопругата на Константин Колцов, Јулија Михајлова зборуваше за нова теорија за смртта на поранешниот хокеар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во претходните денови главна тема беше смртта на момчето на тенисерката Арина Сабаленка, а сега Михајлова зборуваше за нови детали.
Сабаленка објави дека тие не биле заедно и се разделиле краток период пред неговата смрт. Сега поранешната сопруга тврди дека Колцов не се самоубил, туку дека бил пијан и паднал од терасата.
„Во просторијата на Константин биле пронајдени празни шишиња со алкохол. Имал тераса со поглед кон океанот. Најверојатно не бил свесен за неговите постапки, мислам дека е погрешна претпоставката за самоубиство. Тој немаше такви намери“, кажа поранешната сопруга на Колцов.