Нова идеја на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации.
Како што пренесува „Скај Спорт“ ФИФА разгледува можност за организирање на Светското првенство во женска конкуренција на секои двегодини.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како и во машка, така и во женска конкуренција Светското првенство се одржува на секои четири години, но на првиот човек на ФИФА Џани Инфантино му се допаднала идејата за промена.
Самата идеја дојде од претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Гре.
„Мислам дека треба Светско првенство за жени да организираме на секои две години. Тоа е нешто што треба да се разгледа и веќе започнавме. Постојат повеќе позитивни точки“, изјави Инфатино.