Њукасл неодамна доби нови, богати сопственици, па веднаш ќе започне со сериозна реконструкција на тимот.
Првиот потег што ќе го повлечат новите сопственици е на клупата да донесат етаблирано тренерско име.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Добро информираниот новинар, Џанлука ди Марцио, тврди дека прв кандидат за клупата е Брендан Роџерс. 48-годишниот стручњак во моментов го предводи тимот на Лестер, но Њукасл е спремен да ја плати откупната клаузула.
Доаѓањето во Њукасл за Роџерс може да биде голем предизвик со оглед на фактот дека клубот уште во јануари е спремен да потроши 250 милиони евра на трансфер пазарот.