Фантастичниот Новак Ѓоковиќ собори уште еден неверојатен рекорд и уште еднаш го испрати Роџер Федерер во историјата.
Имено, српскиот ас стана најстариот играч на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ тоа го направи вчера, наполни 36 години и 321 ден, па го престигна Швајцарецот на самиот врв на таа листа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако ги погледнеме најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер е единствениот кој може да му конкурира на Новак кога е долговечноста во прашање. Роџер долго време му одолеваше на Србинот како најстар број еден, но сега Ѓоковиќ е сопственик на нов рекорд и речиси е невозможно некој да го достигне во догледно време.
Покрај Федерер, само уште двајца тенисери се најдоа во првите десет на 36-годишна возраст. Славниот Американец Џими Конорс во тој момент беше осми, а најголемиот ривал на Ноле, Рафаел Надал беше четврти на неговиот 36-ти роденден.
Еве како изгледа врвот на АТП листата во моментов: