Изгледа дека сепак трансферот на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити не е завршена работа.
Пред неколку дена, експертот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека е постигнат договор помеѓу клубовите и сега следат лекарските прегледи. Сепак, тренерот на Лајпциг, Марк Рос тврди дека засега нема ништо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Колку што знам, Гвардиол е наш играч и ќе остане еден од нашите играчи. Не знам ништо за некаки лекарски прегледи. Верувајте ми, јас како тренер би знаел ако имало некаков договор“, изјави Рос во разговор за „Скај Спорт“.
Исто така новинарот кој е добро упатен со трансферите од и во Германија, Флоријан Плетенберг објави дека во овој момент, договор нема на повидок. Во Лајпциг немаат ништо против Гвардиол да замине, но тоа може да се случи само за 100 милиони евра.