Дома Актуелно Ништо од изненадување: Убедлив пораз на футсал репрезентацијата од Шведска

Ништо од изненадување: Убедлив пораз на футсал репрезентацијата од Шведска

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе убедлив пораз од Шведска на гостувањето во Алингсас со 2:5.

Ние отворивме со гол во втората минута на Петровиќ, но Шведска брзо изедначи, а тоа беа и единствените два гола во првиот дел. Брзо на стартот Швеѓаните поведоа, Мицевски се погрижи за изедначување на 2:2.

Натпреварот беше решен во последните десет минути кога ние попуштивме, а Шведска го покажа квалитетот и постигна три гола за убедлива победа.

Следниот натпревар на Македонија е за пет дена (12 октомври) против Италија од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …