Во последно време многу се зборува за тоа дали Лионел Меси ќе остане во Барселона или пак на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.
Меси минатото лето бараше раскинување на договорот, но клубот тоа не му го дозволи. Неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и Аргентинецот својата одлука ќе ја соопшти тогаш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што ги нервира луѓето во Барселона и навивачите е што во ПСЖ констатно го повикуваат Меси во Париз, посебно што во осминафиналето Барселона ќе игра против „светците“.
Утрово „Мундо Депортиво“ пишува дека Меси не е единствениот играч на Барселона кој е мета на ПСЖ. Според информациите на овој медиум, Леонардо се обидел да стапи во контакт и со претставници на Жорди Алба кој одлично соработува со Меси на теренот.
Меѓутоа не се исклучува можноста ова да е само уште еден обид од ПСЖ со вакви игри да ја нарушат атмосферата во Барселона пред нивниот дуел во осминафиналето од ЛШ.