Жоао Феликс се врати во Атлетико Мадрид по шест месеци позајмица во Челзи кој не го откупи.
Феликс во изминатата сезона комбинирано за Челзи и Атлетико одигра 35 натпревари, постигна седум гола и трипати асистираше. Сега ниту еден од овие два клуба не го сака.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако се врати во Атлетико ги започна припремите, но без некој преголем ентузијазам. Од мадритскиот клуб му беше порачано дека повеќе нема да го носи дресот со број седум кој го носеше Гризман. На крај на првиот тренинг разговарал и со спортскиот директор Андреа Берт.
Шпанските медиуми пренесуваат дека разговорот не бил баш пријатен и траел само неколку минути. Португалецот потоа незадоволен си заминал кон соблекувалната пред завршување на тренингот.
Најзаинтересиран за Феликс во овој моемнт е ПСЖ каде што Луис Енрике инсистира на тој трансфер. Феликс во Атлетико пристигна во 2019 година од Бенфика во трансфер вреден 126 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Во Мадрид вкупно постигна 34 гола на 131 натпревар.