Звездата на Пари Сен Жермен, Бразилецот, Нејмар да Силва, откри дека никогаш не била негова желба да го носи дресот со број 10 во репрезентацијата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дресот со овој број во Бразил го носеа Пеле, Ривалдо, Роналдињо, Кака и Зико, а сега го носи напаѓачот на клубот од Париз.
Сепак, Нејмар тврди дека негов избор не бил тој број. Во Бразил по традиција „десетката“ се доделува на најдобриот играч, а Нејмар бил убедуван од соиграчот да го прифати.
„Пред Купот на конфедереции во 2013 година, тогашниот селектор Луис Фелипе Сколари ги делеше броевите и јас му кажав дека сакам 7-ка или 11-ка. Дани Алвес само ме погледна и ми кажа, ти се десетка, облекувај го тоа. Мораш ова го искористиш“, изјави Нејмар.
Нејмар сега носи „десетка“ и во ПСЖ. Во Бразил може да се каже дека и ги оправда очекувањата со оглед дека е трет најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација. Со 26 години, постигна вкупно 59 голови во дресот на „Кариоките“ и забележа 94 настапи.
За крај откри и зошто сакал да носи „седумка“.
„Мој идол секогаш беше Робињо и затоа и во Сантос носев седмица“, откри Нејмар.