Дома Фудбал Останато Нејмар: Не можев да си дозволам колачи, а тогаш си кажав – мамо еден ден ќе купам цела фабрика!

Нејмар: Не можев да си дозволам колачи, а тогаш си кажав – мамо еден ден ќе купам цела фабрика!

neymar

Го собори светскиот рекорд кога станува збор за оштетата, бидејќи Пари Сен Жермен на Барселона и плата 222 милиони евра.

Според неофицијални информации заработува околу 36 милиони евра о сезона. Нето. Без бонуси. Така е денес, меѓутоа животот не бил секогаш „мед и млеко“ за Нејмар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот офанзивец се потсети на сиромашниот период од неговиот живот кога како што самиот кажа имало моменти кога семејството не можело да му пружи баш се што посакува. Како што е познато во најголем број децата сакаат слатки, а од таму и една анегдота на која Нејмар се потсети на одморот во Рио.

„Кога бев мал, многу сакав да јадам слатки работи, најмногу колачи, но често пати не можевме да си ги дозволиме. Мајка ми ме тешеше со зборовите: Сине немаме пари, нема шанси, неманм од што да си направам колачи. Должна сум ти. Можеби следната недела кога татко ќе земе плати, ќе можеме да купиме“, раскажува Нејмар.

„Докаж и одговорив: Мамо, во ред еден ден ќе бидам богат и ќе купам цела фабрика за производство на слатки работи, па ќе можам да ги јадам кога ќе посакам. Секогаш кога ќе се сетиме на тие денови мојата мајка плаче. Веќе на 14-15 години сфатив дека ништо во животот нема да ми недостасува ако работам како што треба“, заврши Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…