Бразилецот Нејмар на Светското првенство во Катар ќе се обиде да го сруши рекордот на легендарниот Пеле.
Нејмар во овој момент за Бразил има постигнат 75 гола, додека Пеле го држи рекордот со 77 гола во дресот на „кариоките“. За оваа можност зборуваше и самиот Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено не ни можев да сонувам за вакво нешто, ретко размислувам за статистика, не сакам да се преоптеретувам со некој рекорд. Се што сакав секогаш беше да играм фудбал. Нормално дека играњето за бразилската репрезентација беше мојот сон.
Самото претставување на репрезентацијата во светот е нешто неверојатно. Овој сон не го исполнив само за себе утку за татко ми, дедо ми…целото семејство и пријателите. Пеле е пример, идол – Пеле е фудбал! Зборуваме за човек кој симбол на Бразил, кон него имам голема почит“, изјави Нејмар.