„Нестор ТВ“ е веќе стандарден серијал кој предизвикува внимание. Ако некој не знае тоа го започна напаѓачот од македонската репрезентација, Илија Несторовски.
По Пандев, Ристовски, Барди, Трајковски… Од фудбалерите во репрезентацијата вечерва со Несторовски на Инстаграм опуштен разговор водеше Езгјан Алиоски. Треба да споменеме дека Несторовски имаше разговори и со соиграчи од Удинезе, но и со музичките ѕвезди од Македонија Панчо од ДНК и Влатко Лозановски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еве дел од неговиот вечерашен разговор со Џани:
Како е да се работи Биелса?
ЏАНИ: Со Биелса е фантастично да се работи. Еве втора година тренираме со него, посветува многу внимание на теретаната и физичката спремност. Навистина е тешко, Биелса е еден нема друг, спремен е за се, дисциплината кај него 100%. Имаме тренинг најмалку 5 часа, мораме да јадеме заедно, има програма. Во 9 се собираме, јадеме заеедно, во 10 имаме собир, потоа следи тренинг…Сака се да биде подредено. Не само за фудбал, со Биелса стануваш и подобар човек. Правиме детални анализи, такви анализи знае само тој да направи, но потоа ти знаеш скоро се за противникот. Дури и во овој момент верувам дека знае кај е секој играч на Лидс. Му благодарам на Бог што имам прилика да работам со него.
Алиоски во кариерата имаше прилика да соработува и со уште една тренеска легенда, Зденек Земан. Со него соработуваше во Лугано.
ЏАНИ: Земан е луд, со него трчаш од Прилеп до Скопје. Со него не се игра одбрана, игра 4-3-3. Не сака дриблинзи, бара само дупли пас. Кога бев Лугано 6-7 натпревари не играв седев на клупа. Потоа од бек ме направи крило, почнав по 10-15 минути. На крајот во последните натпревари ги играв цели крило и почнав да погодувам и да асистирам, ми одеше навистина добро.
Аталанта покажала интерес за Алиоски додека бил во Лугано.
ЏАНИ: Кога бев во Лугано ме сакаше и Аталанта, но кога дојде понудата од Лидс не размислував многу. Кога отидов да видам, веднаш прифатив. Тука на секој натпревар дома имаше 35.000-36.0000 гледачи, на гости доаѓаат по 7-8 илјади и повеќе. Навистина станува збор за фантастичен и голем клуб.
Најдобар селектор во репрезентацијата?
ЏАНИ: Игор Ангеловски. Доволно е да се погледне што направивме во последните 3-4 години. Не само дома и на гости секаде играме и се надигруваме никој не не победил лесно. Ангеловски сигурно е заслужен за резултатите кои ги имаме.
Нестор тука додаде:
НЕСТОР: Од сите 20 играчи направи да бидеме како еден во репрезентацијата нема љубомора, сите сме заедно, навистина е фантастично.
Годината која следи за Алиоски може да биде фантастична
ЏАНИ: Замисли каква година може да биде за мене. Влез на Европско и влез во Премиер лигата. После ова може да престанам да играм, се пошегува Џани.
НЕСТОР: Кој е човекот кој прв те викна да играш за Македонија?
ЏАНИ: Стратев е првиот кој ме повиква во репрезентација. Од У15-16 играм за Македонија и кога дојде понудата да играм за првиот тим воопшто не размислував, нормално е да прифатам.
НЕСТОР: Најдобар играч со кој си играл?
ЏАНИ: Сум играл со многу фантастични играчи, но никој не е како капитенот и легендата Горан Пандев, дефинитивно е најголем.
За лудориите во тунелот и пред натпреварите?
ЏАНИ: Не знам, само ми доаѓа…Енергијата е тука и на еден начин ќе се испразнам. Мислам дека е добро за мотивација кај сите.