Дома Македонски спорт Несторовски по една сезона заминува од Удинезе, но останува во Италија?

Несторовски по една сезона заминува од Удинезе, но останува во Италија?

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски може да замине од Удинезе после завршувањето на актуелната сезона.

Несторовски минатото лето како слободен играч од Палермо дојде во Удинезе меѓутоа медиумите во Италија пишуваат дека Прилепчанецот не ги исполнил очекувањата на клубот па по постои можност да замине.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најголем интерес за Нестор наводно покажал Кротоне. Меѓутоа за овој трансфер да може да се реализира Кротоне прво треба да се избори за место во Серија А. Ќе потсетиме во минатото за Кротоне играше заменик капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски.

Покрај Кротоне интерес за Несторовски покажале Фросиноне и Монца, клубот на Берлускони и Галијани.

Во Удинезе Несторовски сезонова до овој момент постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…