После скоро шест месец месеци Илија Несторовски вчера постигна гол за Удинезе во Серија А. Нестор беше стрелец во победата на Наполи од 3:2 и така убаво го најави неговото враќање во репрезентацијата после 20 месеци.
Селекторот Благоја Милевски го повика Несторовски за пријателските натпревари против Финска и Азарбејџан кои ќе се играат во Скопје, в четврток од 18:00 часот и недела од 20:00 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум што постиогнав гол, но не сум среќен поради резултатот. Работам напорно секој тренинг. Знам дека сум четврти напаѓач во клубот, но имам таков менталитет и секогаш давам се од себе. Работам напорно за да напредувам“, изјави Нестор.
Последниот гол во калчо-лигата пред вчерашниот Несторовски го постигна на 22. мај против Салернитана кон крајот на минатата сезона. Во вчерашниот натпревар одличен беше и Елиф Елмас кој исто така беше стрелец за Наполи, а додаде и асистенција.